Соопштение од ОО СДСМ за посетата на Груески на Охрид
Соопштение од ОО СДСМ за посетата на Груески на Охрид .
Во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на ОО на СДСМ Охрид испратено до нашата редакција стои:
Почитувани граѓани,
За денешната посета на Никола Груевски во Охрид голем број вработени во јавната администрација и локалната самоуправа биле принудувани да го напуштат работното место за да присуствуваат на настаните од неговата агенда.Тоа е уште една потврда дека граѓаните го напуштија Никола Груевски. Осамен, Груевски ги принудува вработените во администрацијата и локалната самоуправа да го пополнуваат слабото присуство за време на неговите посети. На вработените во училиштата и детските градинки по електронска пошта им било испратено барање за присуство на настаните од агендата на Никола Груевски. Поради ова, на децата во градинките немало кој ужинка да им подели бидејќи учителки и негователки морале да присуствуваат на парадите на
Груевски, а своето отсуство го оправдале со наводен состанок. Во Охридската гимназија часовите им биле скратени по 10 минути. И покрај се, посетата на Груевски на Охрид помина со многу слаб одѕив. Слабиот одзив во село Велегости коешто важеше за бастион на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, говори за целосно изгубената доверба на граѓаните во Никола Груевски. Граѓаните на Охрид и охридско, со денешното игнорирање на Никола Груевски му испратија јасна порака.
Времето на Никола Груевски помина. Збогум Никола!
Центар за комуникации со јавноста ОО на СДСМ Охрид.