Прекрасен почеток на викендов, овој петок (17.06.2022 г), со почеток во 20 часот, одново пред охриѓани ќе се одигра театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.
Одново на репертоарот на Нарден театар Охрид е песимистичкото гледиште за романтичната љубов и бракот, а хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите, напоменува режисерката Таневска.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.