Сопствениците на кафе барот Аквариус започнаа да ја одстрануваат платформата поставена во Охридското езеро
Постапуваат според ветеното дадено пред еден месец дека сами ќе ја срушат диво поставената платформа. Тоа дојде по најавата на локалната дека по завршување на сезоната ќе постапуваат според барањата на Унеско и ќе ги одстрани нелегално поставените платформи на Охридското езеро. Граѓаните ја одобруваат ваквата постапка.
Започна одстранувањето на платформата на кафе барот Аквариус од водите на Охридското езеро. Сопствениците на Аквариус започнаа сами да ја одстрануваат платформата. Тоа го изјавија пред еден месец по најавата на локалната дека по завршување на летната сезона ќе постапува според барањата на Унеско. Во меѓувреме сите сопственици на платформи в долж крајбржјето добија решенија од надлежните инспекциски органи за одстранување на нелеглно поставените платформи од водите на Охридското езеро. И додека граѓаните ја очекуваат конечната разврска од најавите на ЛС, некои од случајно анкетираните, денес, го споделија својот став околу расчистување на крајбржјето од нелегални градби според барањата од Унеско и ја одобруваат ваквата постапка.
Акцијата на локалната самоуправа започна пред четири дена со рушење на карабина во сопственост на физичко лице на ул. Марко Нестороски. Но, рушењето беше сопрено откако сопствениците на нелегално изградениот објект побарале од локаланта, поради поголемите трошоци, остатокот од дивоградбата да го отстранат сами во определен рок. Од општината највуват дека акцијата за справување со дивоградбите продолжува но не откриваат детали со кое темпо и дали следниот објект кој е во план да се руши е од заштитеното градско јадро или крајбрежјето. Велат дека јавноста ќе биде информирана.
Од друга страна, пак советникот од ДУИ, Нефи Усеини преку Фејсбук, по рушењето на дивогрдабата во Влашка маала повика на протест против акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид. Во неговиот статус тој алудираше на тоа дека не се уриваат објектите на езерскиот брег туку се уриваат куќи кои припаѓале на охриѓани. Тој повика, да се бранат покривите на неговите браќа. Протестот кој беше Најавен за утре во 10 часот пред Општина Охрид денсе беше откажан. Инаку, и самиот советник е сопственик на дивоизградена пицерија до чинарот во Охрид и на бетонска база, исто така дивоградба на самиот езерски брег.
Според препораките на Унеско со дивоградбите треба да се справат и општините Струга и Дебрца. Струшкиот градоначланик не открива колку дивоградби треба да срушат во неговата општина и на крајбрежјето, додека пак во Дебрца треба да се постапи по еден обејкт.