Skip to main content

Сопствениците на објекти кои претрпеа штети од ланското невреме оптимисти дека ќе добијат обесштетување

Од локалната информираат дека Елаборатот кој беше вратен на корекции од  Републичката комисија за проценка на штети е корегиран според нивните забелешки. Веднаш ќе се најде пред охридските советници по завршување на претседателските и предвремените локални избори. 

 |  Валентина Неловска  | 

129 правни и физички лица чекаат на обештетување од државата по претрпените штети кое ги предизвика силниот ветар со брзина од 100 км/час, високите бранови и обилните дождови во март 2018 година. До општинската комисија за проценка на штети пристигнале 109 барања од физички лица, а останатите се од правни лица. Сопствениците на платформи кои претрпеа штети од силното невреме дел од штетите надоместиле со сопствени средства, но очекуваат и помош од држвата.

„ Јас очекувам дека ќе го реши и општината и Републиката, Владата. Имаме други  лоши  искуства, но се надевам дека се ќе е во ред и нема да има задоцнување“, вели Димитар Зарчев сопственик на кафетерија.

Елаборатот за проценка на штета подготвен од Општинската комисија еднаш беше усвоен од градските советници и беше испратен до Владата, односно до Републичката комисија за проценка на штети. Од таму беше вратен повторно до општинската комисија за проценка на штети со забелешки кои требаше да се корегираат. Во меѓувреме, се анправени корекциите кои се однесувале на докомплетирање на документацијата .Но, поради почнување на изборниот процес не го ставивме елаборатот пред советниците, информира Игор Бежоски секретар на општината. Веднаш по завршување на изборите, Елаборатот ќе биде ставен на седница на Дневен ред, изјави Бежоски.

Вкупната проценета сума за штетите од поплавите е 19 милиони денари. Најголеми штети претрпеа објектите на крајбрежјето меѓу кои голем број платформи, кафетерии и хотели.