Skip to main content

Потпишан меморандум

Соработка меѓу Кардиолошки завод и УИНТ

Соработката ќе овозможи побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги, поефективна и полесна меѓусебна комуникација и комуникација со јавноста.
 |  инфодеск  | 
Меморандум за соработк

Меморандум за соработка потпишаа Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” од Охрид.

Со овој Меморандум го отвараме патот за идна соработка во повеќе сфери, која за своја крајна цел има подобрување на квалитетот на услугите кон заедницата, во служба на здравјето на граѓаните, а на Универзитетот во служба на образовната дејност. Се отвара можноста за воспоставување на едукативна и научна соработка како и соработка во користење на модерните трендови на информатичко комуникациските технологии во здравството – велат од кардиолошкиот завод.

Од болницата очекуваат ваквата соработка да резултира со побрза и полесна достапност на новините во медицината до јавноста и промоција на здрави животни навики и здравствена грижа преку координирани интернет кампањи.

Меморандум за соработка

Темелна и ефикасна статистичка обработка на акумулираните податоци за пациентите, креирање на локални регистри, носење на заклучоци за чекори кон подобрување на кардиоваскуларното здравје на нашата популација.

Можност за широка интернационална соработка преку организирање на онлајн платформи со здравствени институции и лекарски асоцијации надвор од земјата, организирање на научни конференции, семинари и обуки со информатичка и техничка подршка на Универзитетот.

Воспоставување на апликативни активности од взаемен карактер кон подобрување на процесот на работа.

Взаемната соработка ќе овозможи како крајна цел побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги, како и поефективна и полесна меѓусебна комуникација и комуникација со јавноста.