Деновиве во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше деканот на Правниот факултет од Кичево, проф. д-р Светлана Вељаноска.
Таа на директорот на Библиотекаta м-р Милчо Јованоски му подари дел од своите стручни книги од областа на правото. Книгите се обработени и поставени во одделот за стручна литература, достапни се за читателите и за зајмување.
Станува збор за следните дела: Судски систем, Меѓународно судство и Културната политика на Република Македонија во рамките на процесот на евроинтеграцијата.
Ова е почеток на нашата заедничка соработка – се сложија деканката Вељаноска и директорот Јованоски.
Пред престојните уписи на факултетот договорено е претставници од Правниот факултет да дојдат во Библиотеката и пред посебна фокус група – матуранти од Охрид да ја претстават нивната образовна институција. Истовремено, според зборовите на деканата Вељаноска таа ќе ги поттикне и останатите нејзини колеги да подарат книги на библиотеката со што би се збогатил нашиот книжен фонд од областа на правото – велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.