Skip to main content

Соработка на Македонија и Казахстан во туризмот

На првиот Македонско-Казахстански форум што се одржа минатата недела, во организација на Казахстанско- Македонското здружение и туристичката агенција Wellness- Holiday од Охрид, се разговараше и за продлабочување на соработката на двете земји во областа на туризмот.

 |  Голабовски Крсте  | 
materijal

На првиот Македонско-Казахстански форум што се одржа минатата недела, во организација на Казахстанско- Македонското здружение и туристичката агенција Wellness- Holiday од Охрид, се разговараше и за продлабочување на соработката на двете земји во областа на туризмот.

На форумот, потпретседателката на здружението Марјана  Султанбекова, ја прочита пораката на градоначалникот Никола Бакрачески и ги покани учесниците да го посетат Охрид.

-Почитувани  учесници на првиот Македонско- Казахтански форум посветен на соработката во  областа на туризмот, најискрено Ви упатувам топли поздрави од древниот Охрид и Ви посакувам успешна работа.Овој голем и важен форум  е нов поттик за продлабочување на соработката меѓу двете земји , а особено во туризмот кој е еден од најбрзо растечките бизнис сектори.
Република Македонија  е чудесна земја , сместена во срцето на Балканскиот полуостров, позната по својата пребогата историја и традиција, земја која плени и привлекува со своите природни убавини и гостопримството. Во нашата чудесна Македонија , посебно место има древниот Охрид,  за кого велат дека  е македонското парче од рајот.

materijalЗа Охрид  се тврди  дека е еден од  единствените градови во светот каде над 7 илјади години  има континуиран живот на човекот. Тоа го потврдуваат археолошкиоте остатоци од речиси сите цивилизации кои тука оставале траги и го составувале реткиот мозаик на овој вечен простор. Заедно со убавините на Охридското Езеро старо над 3 милиони години, кое се вредува меѓу трите најстари езера во светот,  Охрид го прават единствен и затоа  е на  листатата на УНЕСКО, како заштитено културно и природно богатство од светско значење.
Охрид е центар на сесловенската писменост и култура, зошто Светите Климент и Наум ,  од овој град го продолжиле просветителското дело на Светите Кирил и Методиј. Токму во Охрид се отворил првиот сесловенски универзитет, за кого велат дека е постар од Болоњскиот и дека  само  тука имало 365 цркви, па неслучајно нашиот град се нарекува Балкански Ерусалим.

Сите што дошле во Охрид , зеле дел од убавата охридска приказна, ја понеле сосебе и таа ги тера повторно да дојдат и да го почуствуваат чудесниот спој на убавината, минатото и сегашноста. Како и генерациите пред нас и ние цврсто сме определени  да оставиме свои траги, па затоа еден од врвните приоритети  ни е да го промовираме Охрид  и на многу луѓе од светот да им овозможиме да дојдат и да ги почуствуваат убавините на овој божествен простор.

Уверен сум дека оваа меѓународна конференција ќе ни помогне во остварувањето на нашите намери и дека ќе биде предизвик низ конструктивни дискусии и размена на идеи да ја продлабочуваме и унапредуваме востановената соработка меѓу Македонија и Казахстан- се вели во пораката на градоначалникот Бакрачески до учесниците на форумот.

Вечерта во градот  Алмати во Казахстан, во рамките на форумот,  на кој  учествуваа македонскиот амбасадар  Илија Псалтиров, потпретседателот на Казахстанско- Македонското здружение и директор на туристичката агенција Wellness- Holiday од Охрид Мирјана Султанбекова како и бројни учесници од бизнис секторот од двете земји, беше организирана  презентација со пропаганден материјал за туристичките можности на Охрид и Република Македонија како и  коктел со македонско вино и национални специјалитети.