Општина Охрид и белградската општина Стари Град потпишаа Меморандум за пријателство и соработка
Градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на белградската општина Стари Град, Радослав Марјановиќ потпишаа Меморандумот за пријателство и соработка помеѓу општина Охрид и Стари Град – историското и културното срце на Белград.
–Започнуваме ново поглавје на соработка и поврзување. Ова претставува вовед во официјалното збратимување на нашите општини и отвора врати за размена на искуства во локалната самоуправа, културна соработка и промоција на заедничките вредности, проекти во образованието за нашите млади, развој на туризмот и поголема регионална поврзаност. Верувам дека оваа соработка ќе донесе конкретни придобивки за нашите граѓани и ќе послужи како пример дека заедничкиот напредок се гради преку силна меѓународна поддршка., истакна градоначалникот Пецаков.



