Соработка помеѓу АППТ и ОУТУ Ванчо Питошески Охрид
Денес директорот на АППТ, Љупчо Јаневски и колеги од секторот поддршка ги посетија Факултетот за туризам и ОУТУ „Ванчо Питошески“-Охрид.
Со директорот на средното туристичко-угостителско училиште, Марјан Радески во периодот што следи ќе има заедничка соработка на меѓугранични проекти, преку кои ќе се овозможи внесување на европски практики во училишниот процес, подобрување на условите, зголемен број на ученици и подготвени квалитетни кадри спремни да вложат во развој на туристичкиот сектор – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Една од работите на која АППТ давале многупати значење и директорот Јаневски потенцирал, се човечките ресурси коишто секоја година се повеќе ќе треба да се негуваат.
Потребна е уште продлабочена соработка и вложувања со стручните училишта и факултетите од каде треба да ги изградиме идните шефови на ресторани, гастрономскиконцепти, хотелски менаџери, визионери кои со ентузијазам ќе применат се она што нас ни недостасува. Така ќе изградиме туристички сектор кој учи и применува, заслужувајки ја почитта со можност за кариерно напредување и градење иднина дома – вели Јаневски.