Соработка помеѓу УИНТ Св. Апостол Павле и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид
Со потпишување Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, потпишан од Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска и в.д. Директорката м-р Ирена Шајн, се формализираше соработката на институциите која постои подолго време.
Проектот насловен како “Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот и Музеј – Охрид “, во соработка и иницијатива на м-р Горан Патчев – Виш конзерватор во НУ Завод и Музеј – Охрид, беше повод за потпишувањето на овој Меморандум.
Проектот вклучува низа на активности, вклучувајќи ја организацијата на “Регионалниот Реставраторски Камп” во соработка со “Културно наследство без граници – Албанија”. Денес во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”, се одржa презентација на идните активности на кампот. Присутните имаа можност да се запознаат со експертите вклучени во проектот.