Прв состанок на Дрим Кор групата
Дрим Кор групата го одржа првиот состанок.
Прв состанок на Дрим Кор групата која работи на прашањата позврзани со управувањето на Дримскиот Басен. Ова е прв официјален состанок на Дрим Кор Групата откако е потпишан Договорот за заедничка визија за Дримскиот Басен ,меѓу 5-те земји , со кој Групата стана официјално тело со преставници од сите земји. Ова е прва средба на која се донесоа значајни одлуки како што се акциониот план до 2014 год., но и се прецизираше што се се прави за да се подобри соработката помеѓу земјите. Присутните на работниот состанок дискутираа и за тоа како да се решаваат проблемите најмногу во делот од справување со поплави и од аспект на користење на водата за енергетските потреби.
„После тој акционен план, Дрим Кор групата утврди и формирање на работни групи. Едната ќе биде за мониторинг, а другата за учество на јавноста. За овие работни групи членовите ќе бидат номинирани од страна на државите и тие ќе помогнат да бидат номинирани во донесување на одлуките. Исто така беше утврдена и позицијата на Дримската работна група да изготви проект кој ќе се достави до глобалниот еколошки фонд за оваа голема инвестиција околу дримскиот басен“, истакна македонски преставник во Дрим Кор групата, Дејан Пановски.
Преставникот од обединетите нации, Бо Либерт, истакна дека многу е важно да бидат заштитени Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро, не само за луѓето кои живеат покрај овие езера, туку и за цела Европа.
„Основен проблем е да се воспостави одржливост, мислам толку често го користиме поимот одржливост, а постојат голем број на вредности кои треба да ги заштитиме. Како што е на пример биодиверзитетот, природните богатства кои треба да се заштитат за во иднина. А исто така постојат и некои поакутни проблеми како што се поплавите кои настануваат посебно во подолните текови на реките кои налагаат и посебна соработка меѓу земјите соседи, се со цел да не страда населенито“, истакна преставникот на Обединети нации, Бо Либерт.
Ова е прва официјална средба на Дрим Кор групата по меморандумот кој на 25 ноември 2011 год. го потпишаа петте земји во Тирана.
{loadposition content9}