Хуманитарен новогодишен базар ќе се одржи на 28 декември во дворот на СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид со почеток во 18 часот.
„Во пресрет на новогодишните празници и весело дочекување на новата година, а со желби за убаво испраќање на старата, Ве покануваме заеднички да се дружиме и радуваме во убав амбиент на уште поубава тема – Хуманитарен новогодишен базар.„ – велат од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”.
Средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат донирани во инклузивната игротека ,,Радост”.
„ На базарот ќе бидат изложени рачни изработки од нашите ученици: слатки задоволства, украси, честитки, накит итн, а Вие ќе имате можност да си купите од понудените производи и на тој начин да учествувате во хуманитарниот настан. Вашето малку, некому значи многу.“ – порачуваат од училиштето.