Skip to main content

Центар за култура григор прличев

Шоуто Да болиТ за последен пат во живо во Охрид

За последен пат во живо во Охрид, шоуто на Никола Тодороски „Да болиТ“. Четврток, 23-ти февруари со почеток во 20 часот, Центар за култура „Григор Прличев“.
 |  инфодеск  | 
Да болит Никола Тодороски

Во четврток на 23-ти февруари со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, неверојатното шоу „Да болиТ“ со кое Никола Тодороски направи турнеја низ целата држава за последен пат во живо во Охрид.

Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ. Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ. Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ. Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ. Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ. Михаела имат поубо точаче – Да БолиТ. Ти слушаш метал комшијата Аца Лукас – Да БолиТ. Новото шоу на Коле “Да БолиТ“ – во стомачните!

За музичкото интро на шоуто ќе се погрижи Маестро Никола Јосифоски. За ваше загревање ќе се погрижи Господин Никола Братучед Сиљаноски, информираат организаторите.

Напомена!!

Шоуто ќе се снима и со секој купен билет прифаќате да ве има (евентуално) во некој кадар од снимениот материјал како публика. Доколку сакате да присуствувате, а не сакате да ве има во одрен кадар Ве молиме пратете имеил на kolegiveme5@gmail.com.

Картата за шоуто е по цена од 250 денари. Може да ги најдете на онлајн линкот или на телефонскиот број 075 283 066