Skip to main content

Интересен почеток на работата на новиот градски совет

Денес при изборот на неговиот прв човек имаше неколку предлози. Опозицијата даде два предлози за Претседател на совет на советници кои се од редовите на позицијата. Ако по утрото денот се познава, ќе имаме интересни седници во наредните четири години.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sovet
совет

Јоне Станкоски од ВМРО НП го предложи Дејан Паноски за Претседавач на Советот на Општина Охрид. Тој рече дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи во него гледаат човек со искуство кој претходно имал принципиелни ставови. „Го предлагаме Дејан Паноски за претседател бидејќи може да одговори на функцијата, тој е човек кој беше фронтмен на ВМРО ДПМНЕ и има принципилено ставови – рече Станкоски.  дејан паноски

Дејан Паноски се заблагодари на предлогот од ВМРО НП и кажа дека не го прифаќа.
Паноски рече:
„Нема да го оценувам предлогот на опозицијата дали е лицемерен. Борбата која ја водев измианатите четири години ја водев за партијата, за ВМРО ДПМНЕ. Јас повторно ќе бидам најактивен советник и секого ќе го потсетувам ако ја нашпушти доткрината и програмата која ја протежира партијата. “

Паноски подвлече дека ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија која со одлука на партисктие тела кажала кого ќе го предложи и партијата ќе се држи до таа одлука.
Томислав Тунтев од СДСМ  пак  го предложи Љубомир Чаулев за претседавач на Советот на Општина Охрид.
 Со тоа сметаме дека во работата на Советот ќе се внесе сериозност, стаменост и постојаност – рече Тунтев. Чаулев се заблагодари за довербата, но не го прифати предлогот.

{loadposition content9}