Советот за развој на Југозападниот плански регион ја одржа втората седница
Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа втората седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, со која претседаваше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
На седницата беа разгледани и усвоени 22 точки од дневниот ред, меѓу кои Акцискиот план за спроведување на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2026 година, како и Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2025 година со интегриран финансиски извештај.
–Посебно значајно е што беше усвоена и Приоритетната листа на регионални проекти за 2026 година, со која продолжуваме со заеднички инвестиции за рамномерен регионален развој, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите граѓани од Југозапдниот плански регион, вели градоначалникот Пецаков.
Во однос на Општина Охрид беа донесени следните одлуки: Одлука за преотстапување на стоки – набавка на апарат за детекција на дефекти во водоводните цевки; Одлука за преотстапување на стоки – набавка на електричен ударен чекан и Одлука за преотстапување на стоки – набавка на режач за пилинг (Ф110–500 и Ф63–110).