Skip to main content

Советот на млади при Општина Охрид го одбележа меѓународниот ден на младите

Советот на млади со свечена седница по повод Меѓународниот ден на младите, 12ти Август.

 |  Мишел Наумоски  | 
sovet na mladi
совет на млади

megjunaroden den na mladiСоветот на млади при Општина Охрид, денеска одржа свечена седница по повод 12-ти август, меѓународниот ден на младите. Пред младите од локалниот совет се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев според кого младите се носители на напредокот, науката, технологијата. Тој потенцираше дека младите треба да се слушаат почесто и да бидат погласни, зборувањето да не се сведува на постојано негодување и несогласување со донесени одлуки, туку со предлози, идеи и  зборување, не со сила, туку со аргументи, не со страв туку со храброст, со знаење. Јанев посочи дека младите мора ноќниот живот да го заменат со денски,  барањето вработување со барање на работа, желбата за поубаво некаде далеку, да се замени со желба за овде, во овој прекрасен Охрид, во оваа прекрасна Македонија.

{loadposition content9}