Ние не сме некоја африканска земја во која не се почитуваат законите и секој си прави што сака
Советниците на опозицијата на Грдаскиот советжестоко реагираа околу Предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини извори-Охрид
Предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини извори-Охрид, крена прашина на денешната , седма седница на градскиот совет. Советниците од опозицијата се побунија зошто ЈП билјанини извори веќе десет дена наплаќа за паркинг просторите во градов само со одлука на Управен одбор, а без одлука на Советот на Општина Охрид.
Не ми е јасно зошто денес ние ќе дискутираме за нешто што веќе е направено и тоа без наша согласност. Тие веќе десет дена наплаќаат за паркинг само со одлука на Управен одбор, а Советот го прескокнаа, рече советникот Јоне Станкоски од редовите на ВМРО НП.
Ова е чисто кршење на законот и за ова некој треба кривично да одговара, се надоврза советникот Дејан Блажески од редовите на ЛДП
Директорот на ЈП Билјанини извори, Иван Цветкоски рече дека во ниту еден момент не го прекршиле законот и дека постојат повеќе причини зошто веднаш почнале да ја спроведуваат одлуката на Управен одбор без одлука на Совет.
Ако се навратиме наназад ќе видите дека претходниот концесионер наплаќаше за паркинг без никаква одлука на совет. Немаше ниту одлука на Управен одбор, рече Цветкоски.
Советникот од редовите на СДСМ Томислав Тунтев зачуден од дискусијата на Цветкоски рече дека тој лично очекувал дека директорот на ЈП јавно ќе се извини пред советниците за направениот пропуст во постапклата околу наплаќањето на паркинзите.
На крај на дискусијата збор зеде и претседателката на совет, Гордана Коњаноска од која некои од советниците претходно побараа одговорност за тоа што на денешната седница била ставена точката на дневен ред поврзана со ЈП Билјанини извори иако веќе подолго време на терен се спроведувала одлуката на Управниот одбор без одлука на совет.
Јас не чувствувам никаква одговорност бидејќи како претседател на совет сум должна пшредложените точки да ги ставам на дневен ред. Одговорност ќе си понесат поединци кои ја прекршиле постапката, подвлече претсефателката.
Предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини извори-Охрид беше изгласана со 15 гласови. Опозицијата беше против. Инаку на денешната седница се изгласаа и одлуките за инфраструктурни зафати во некои рурални средини а не беа изгласани извештаите за работење на Јавните претпријатија.
{loadposition content9}