Skip to main content

Денешниот дневен ред на седницата на градскиот совет остана покус за една точка

 

Се одложи Предлог одлуката  за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори. Наведените причини за опозицијата смешни и неприфатливи.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sednica
седница

Одложена една од најинтересните точки од дневниот ред на дваесет и втората седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“, беше тргната на барање на секретарот на општината Димитар Спасески. Причина, изготвувачите на физибилити студијата кои требало да пристигнат од Скопје не стигнале поради дефект на возилото. За опозицијата ова образложение е смешно и неприфатливо.

Ние рековме ќе почекаме и така седниците траат до касно попладне. Ако се сака се се може. Можеа друга кола да пуштат па дури и оној цитроенон што стојт пред  партијата на ВМРО и да ги донесит. Проблемот е друг. Има сериозен проблем во редовите на позицијата за што ние-опозицијата зборувавме деновиве на различни пресс конференции, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.седница

Советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески рече дека се чуделе како една ваква горлива точка се нашла на дневен ред пред самите избори и додаде дека воопшто не се изненадени што истата е повлечена. Блажески уште еднаш птенцира дека ЈП „Билјанини Извори“ не треба да бара партнер туку дека треба само да го постави софистицираниот електронски систем за паркирање и наплата.

Некои од претходните концесионери пријавуваа приход од паркинзите и до 400 000 евра. Повеќе од јасно е дека ова ЈП мпоже  да ги работи паркинзите само, но по се изгледа некој друг треба да се офајди, вели советникот Дејан Блажески

Јоне Станкоски од ВМРО НП потсети дека ова локална власт ќе ја повтори грешката од минатото за која најмногу критикуваше.

ВМРО ДПМНЕ ги доби избоsednicaрите најмногу поради  давањето на паркинзите под концесија од страна на минатата локална власт. Тие беа најголемите критизери, а сега сакаат да ги излажат граѓаните и да ги изманипулираат со носење на вака штетна одлука за градот, рече советникот Станкоски.

Секретарот на општината Димитар Спасески ги отфрли обвинувањата дека одлагањето на оваа точка  има политичка позадина.

Апсолутно негирам дека  тоа има било каква врска со изборите или било каква друга причина. Градоначалникот и Локалната работат по однапред утврдена динамика со план и програма за работа кои се однапред утврдени, рече секретарот.

Инаку, сите пет точки кои се однесуваа на цените на услугите на јавните претпријатија беа изгласани. Тоа значи дека ќе се направи корекција на цените на услугите на јавните претпријатија кои ги вршат за Локалната, а со тоа на индиректен начин ќе се намалат и цените на услугите за граѓаните.

{loadposition content9}