Се комплетираат советите на Урбаните Заедници
До 26ти ноември во Општина Охрид треба да се формираат советите на сите 38 Урбани заедници.
Општина Охрид, согласно законот за локална самоуправа и статутот на општина Oхрид, до 26 ти ноември треба да ги комплетира советите на Урбаните заедници. Собирите на граѓани ги свикува градоначалникот, а истите првично започнаа да се комплтираат во 2010 год. Но по мали недоразбирања поинтензивно со изборите за работните тела на Урбаните заедници се продолжи на 14 октомври. Советите имаат од 3 до 8 членови.
„Она што е најинтересно за јавноста е зошто застана целата оваа псотапка? Само да потсетам, минатата локална самоуправа започна според законските обврски за избор на челеновите, но од разноразни причини таа постапка беше прекината и сега бидејќи се пробиени сите рокови, градоначалникот согласно законот ги свикува овие собири и според динамиката до 26 ноември ние ќе треба да одбереме, 38 вакви совети“, истакна портпаролот на општина Охрид,Томе Џамтоски.
Џамтоски повеќе од сигурен дека според динамиката ,овојпат локалната самоуправа, ќе го запази законскиот рок за избор на советите на Урбаните заедници. Тој вели ова е најдобриот начин локалната да ги знае и решава проблемите на Урбаните заедници.
„Во моментов она што како совети на Урбани заедници беше избрано во 2010 год. Функционираат четири тие се со плон лигимитет тоа се во Стар град, Воска, 8 ми септември и 15 корпус, како и две месни заедници во Велгошти во 2010 и сега пред два дена во село Љубаништа. Секојдневно ќе се одржуваат овие собири на кои самите граѓани ќе се изберат работно тело“, истакна Џамтоски.
Портпаролот се обиде да го лоцира проблемот што го закочил целиот процес при формирањето на советите на урбаните заедници. Тој вели дека во градовите многу од месните заедници опфаќаат повеќе улици, што значи дека луѓето според живеалиштето на личната карта може да учествуваат во различни совети. За да се реши овој проблем, општина Охрид за многу брзо време на седница на совет ќе ги дефинира границите на урбаните заедници, по што нема да има недоразбирања.
Урбаните заедници се уште една непосредна демократска форма на организорање на нашите граѓани. Токму овие совети, се нишката помеѓу граѓаните и локалната самоуправа и преку нив има организрано изнесување на се она што е од непосреден интерес на граѓаните кои живеат во одредено подрачје на градов, односно во одредена урбана заедница.
{loadposition content9}