©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Советот на Дебрца нема да подржи иницијатива за изградба на депонија во Годивје

Новиот градоначалник на општина Дебрца Зоран Ногачески не отстапува од својот став, преиспитување на одлуката за изградба на депонија во Годивје, Дебрца и изнаоѓање на посоодветна локација во Југозападниот плански регион за изградба на постројка за управување со отпад. Тој став го дели и Советот на оваа општина, граѓаните и координативното тело.

 |  Николоска Биљана  | 

Советот на општина Дебрца нема да ја подржи иницијативата за изградба на регионална депонија во атарот на Годивско поле. Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески, појаснува дека во Законот за управување со отпад постојат одредби во кои јасно стои, за да се воспостави еден организиран систем за управување со отпад потребна е согласност од сите општини кои влегуваат во Југозападниот плански регион.

Треба да се склучи спогодба и со таа спогодба понатаму треба да се дефинира како ќе се менаџира како ќе се управува со тој систем, значи Советот на општина Дебрца на крајот ќе треба да даде согласност, односно нема да ја даде таа согласност. Така да јас мислам дека уште еднаш треба да се преиспитуваат тие одлуки кои сепак не се дефинитивни, тоа беше една физибилити студија во која беше посочена дека таму треба да биде локацијата, навистина да се изнајде едно решение кое што најмалку ќе биде штетно

Ногачески уште една кажа дека ја поддржува референдумската одлука на неговите сограѓани кои јасно кажаа, „не“ за изградба на депонија, односно постројката за управување со отпад и ги посочи аргументите поради тоа.

„Ние лично сметаме дека Дебрца е најмал создавач на отпад и по број на жители, јасно е дека тука отпадот се создава во најмали количини ако ги погледнеме сите девет општини кои влегуваат во Југозападниот плански регион. Дебрца е величествен споменик на природата и не е дозволено таква депонија да се лоцира и она што сметам дека е најбитно целата таа локација, односно Дебрца влегува во сливот на Охридското Езеро“ 

Ногачески вели дека оние кои ја протежираат идејата за изградба на систем за управување со отпад се обидуваат да го убедат населенето дека тоа не е некоја страшна работа. Додаде дека нивните коментари биле оти изградбата на постројка ќе биде по сите стандарди, нема да загадува и дека такви постројки има во центарот на европските градови. Ногачески категоричен дека не се сомнева во функционирањето на еден таков систем за управување со отпад, но за жал досега во Македонија не виделе барем еден таков пример.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top