Skip to main content

Општина охрид

Советот на млади оствари средба со претставници на средните училишта

Средбата се одржува во пресрет на априлските избори, кога се очекува да биде избрано ново Собрание и Совет на млади за Охрид.
 |  инфодеск  | 
Совет на млади

На иницијатива на Секторот за спорт, млади и невладини организации, денес во просториите на Општина Охрид, се одржа работна средба помеѓу Советот на млади на Охрид и претставници на улилишните заедници од средните училишта.

Целта на средбата е да се мотивираат средношколците за поактивно вклучување во креирањето на младинските политики. Претставниците на Советот на млади, Јован Цветкоски и Димитар Поп Стефанија, пред учениците ги претставија досегашните активности на советот и изразија отвореност за сите идеи и проекти кои се од интерес на младите.

Совет на млади

Средбата се одржува во пресрет на априлските избори, кога се очекува да биде избрано ново Собрание и Совет на млади за Охрид.