Skip to main content

Ново ветување од Локалната дека градов ќе добие современи автобуски постојки

До почетокот на зимата градов треба да добие автобуски постојки по европски терк. Ова е уште едно ветување на Локалната кое година и половина чека на реализација. Од таму кажуваат дека изготвена е тендерската документација и испратена е до советот за јавни набавки кој треба да даде одобрение за распишување тендер.

 |  Јаковлева Лионела  | 
avtobuska postojka
автобуска постојка

Трета среќа. Оваа локална власт по трет пат во година и половина ветува дека граѓаните кои го користат градскиот превоз ќе добијат пристојно место за чекање. Во повеќе наврати пишуваваме дека автобуските постојки низ градов се во очајна состојба и дека охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо по што Локалната ветуваше дека за брзо овој проблем ќе биде решен. Последното ветување дадено во јуни беше дека со почетокот на летото Охрид ќе добие современи постојки. Летото помина, но со старите постојки. Сега Локалната со ново ветување.автобуска постојка

Изготвена е тендерската документација и испратена е до советот за јавни набавки кој треба да даде одобрение за распишување тендер откога ќе види дали постапката е усогласена со законските одредби. Веруваме дека тендерската документација ќе ги исполни сите законски барања и ќе пристапиме кон објавување на тендерот и замена на автобуските постојки, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.

avtobuski postojkiНаместо 30 како што се ветуваше сега се планира да се направат 14 автобуски постојки во централното градско подрачје и тоа на улицата  „Питу Гули“, на улицата „Јане Сандански“ и на булевар „Туристичка“.

-Оние кои сега се наоѓаат на булевар „Туристичка“ ЈП „Нискоградба“ ќе ги санира и ќе ги постави во приградските и селските населби на Општина Охрид, вели Џамтоски.

Џамтоски ветува дека пред почетокот на зимата граѓаните и градот ќе добијат автобуски постојки по европски терк. Но, само за потсетување. Од Локалната уште пред една година распишаа тендер за уредување на автобуските постојки, но тој беше неуспешен. Ништо подобро не завршија и останатите два. Останува да видиме како ќе заврши овој тендер ако воопшто биде распишан и дали конечно овој проект ќе се реализира или ќе е уште едно лажно ветување.

{loadposition content9}