Skip to main content

Панел дискусија

Современи трендови во планинско спасување во Европа

На 10-ти јуни во Охрид ќе се одржи панел дискусија на тема “Предизвиците и современите трендови во планинското спасување во Европа”.
 |  инфодеск  | 
Планинско спасување

„Предизвиците и современите трендови во планинското спасување во Европа“ како основа за развој на авантуристичкиот туризам и квалитетен активен живот на граѓаните тема на панел дискусијата која ќе се одржи во Охрид.

Настанот е организиран во рамки на Проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам”, финансиран од ЕУ, ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на РСМ.

Домаќини на настанот се Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб “Патагонија” и Националниот Сојуз за планинско спасување.

Целта е на непосреден начин да ги презентираме современите европски достигнувања на ова поле пред надлежните државни институции и да дадеме придонес во решавањето на проблемот од недостиг на ефикасен систем за планинско спасување во Македонија и Албанија – велат организаторите.

На панелот свое обраќање ќе има Јосип Граниќ, раководител на (Hrvatska Gorska Služba) кој ќе го презентира хрватскиот модел за организација на Службата, една од најдобро организираните служби во Европа.

Панел дискусијата ќе се одржи во хотел „Нова Ривиера“ во Охрид, на 10-ти јуни.