Skip to main content

SPAR пристигна во Охрид, богата и разновидна понуда и пристапни цени се првите впечатоци на потрошувачите

Голем интерес и позитивни впечатоци го одбележаа отворањето на првиот SPAR маркет во Охрид. На површина од 2.500 квадратни метри, со тим од 45 вработени и богат асортиман на производи, меѓународниот малопродажен бренд влезе на охридскиот пазар, носејќи нов избор за секојдневно пазарување.
 |  Маја Савиќ  | 

SPAR и официјално пристигна во Охрид. Голем интерес го одбележа отворањето на првиот маркет на меѓународниот малопродажен бренд во градот. Сместен во Ohrid Mall новиот SPAR маркет се простира на модерно уредена површина од 2.500 м².  Тим од 45 вработени се грижи за беспрекорно функционирање на современиот продажен објект  со цел на потрошувачите да им понуди пријатно искуство при купувањето, широк асортиман  и  квалитет по конкурентни цени.

Маркетот нуди богат избор прехранбени и непрехранбени производи, со посебен акцент на свежите категории, овошје и зеленчук, месо и месни производи, млечни производи, пекарски производи, како и производи за секојдневните потреби на домаќинствата. Особено значајно место имаат сопствените брендови на SPAR, кои нудат одличен сооднос помеѓу цената и квалитетот.  Компанијата преку поголема застапеност на македонски производи на полиците и соработка со локални добавувачи ги поддржува домашните производители.

Впечатоците на првите купувачи се токму големата разновидност на производи и поволните цени.

„Па многу ми се допаѓа. Додуша јас навикната сум, јас од Скопје сум, меѓутоа пазарам доста често и  во Струга одевме.  Сега сум баш задоволна што се отвори SPAR и во Охрид.“ 

„Моментално што ги видовме овие цени, сè за нијанса помали, пониски од другите маркети.“ 

„Снабдено и преснабдено e, да ви кажам за градов наш, за Охрид е преснабдено.“ 

„Многу убаво, се e уредено на место.“ 

„Требаше вака нешто поголемо. Со оваа големина е поголема конкуренција сега. Сè е снабдено, сè има.“ 

„Снабденоста и местоположбата е добра, имаат убави цени. “ 

„Нешто ново за разлика од другите и во простор и во избор, артикли и најверојатно во цени.“ 

„Има доста интересни работи што можат да се видат и да се купат. Останува луѓето да имаат пари и да купуваат.“ 

„Интересно ни е, добро е што се отвори ваков современ маркет, пред сè евтино е, има  доста артикли.“ 

„Сè е прегледно, убаво уредно, педантно наместено. Ова е супер.“

По повод отворањето, купувачите ги очекуваат специјални промотивни понуди и атрактивни цени на голем број производи. Од компанијата најавуваат редовни промоции, акции и дополнителни поволности за потрошувачите во иднина.

-И во наредниот период, SPAR ќе продолжи со редовни акции, неделни промоции, специјални саботни понуди и сезонски поволности, со цел квалитетното купување да биде достапно за што поголем број семејства. Нашата цел не е само да понудиме поволни цени при отворањето, туку да изградиме долгорочна доверба кај потрошувачите и SPAR да стане нивен прв избор за секојдневно купување, потенцираат од  SPAR.

Со мотото „Мој SPAR, мој избор“, брендот од денеска носи богата понуда и ново искуство за потрошувачите во Охрид,.

Основан во Холандија во 1932 година, SPAR денес е меѓународен гигант со илјадници маркети во 48 земји. Со отворањето во Охрид, брендот го продолжува своето ширење на македонскиот пазар.