SPAR пристигнува во Охрид, светскиот бренд станува дел од животот на секое охридско семејство

Првиот маркет на меѓународниот малопродажен бренд SPAR во Охрид свечено ќе биде отворен во среда, на 14 октомври, во 14 часот, во Охрид Мол. Со отворањето, еден од најпрепознатливите меѓународни малопродажни брендови го продолжува своето ширење во Македонија, носејќи меѓународни стандарди, богат асортиман и нови можности за соработка со домашните производители.

По влезот на македонскиот пазар во мај 2026 година, SPAR за кратко време се прошири во повеќе градови низ земјата, а сега на својата мапа го додава и Охрид. Со тоа, охриѓани добиваат нов избор за секојдневно пазарување, широк асортиман на свежи производи, домашни и меѓународни брендови, препознатливи SPAR трговски марки и атрактивни цени.

Отворањето на маркетот носи и можност светски препознатливиот концепт на SPAR да се поврзе со локалниот дух на Охрид, со потенцијал за развој на соработката со домашните производители и поголема застапеност на македонските производи. Така, меѓународното искуство добива локален шмек, а потрошувачите нова можност за квалитетно и достапно пазарување.


Од Холандија до повеќе од 50 земји во светот
Приказната на SPAR започнува во 1932 година во Холандија, со идеја заснована на соработка, доверба и заеднички напредок. Денес, 94 години подоцна, брендот е присутен на четири континенти и во повеќе од 50 земји, поврзувајќи милиони потрошувачи ширум светот.

И покрај својот меѓународен успех, SPAR останува верен на вредностите со кои започнал – блискост со локалните заедници, поддршка на домашните производители и создавање долгорочни партнерства.
Токму затоа, соработката и инвестирањето во локалното производство се важен дел од стратегијата на SPAR во Македонија. Преку партнерства со македонските компании, брендот се стреми да го поттикне развојот на домашното производство и да создаде нови можности за пласман на македонските производи.


Со отворањето во Охрид, SPAR ја продолжува својата приказна на нова локација, поврзувајќи ги светските стандарди со локалните вредности.
„Мој SPAR, мој избор“ е мотото на препознатливиот бренд кој од среда, 14 октомври, ќе стане дел од секојдневието и животот на секое охридско семејство.





