Шпаркасе Банка ќе ја реновира Експозитура Централа во Охрид
Во меѓувреме, граѓаните ќе можат непречено да ги користат експозитурите Медицински Центар и Мини Маркет, кои продолжуваат со работа во полн капацитет

Почнувајќи од 14 април 2025 година, експозитурата Централа Охрид на Булевар „Македонски Просветители“ бр. 19 ќе влезе во фаза на реновирање. Во овој период, експозитурата ќе работи со намален капацитет.
-Во меѓувреме, граѓаните ќе можат непречено да ги користат експозитурите Медицински Центар и Мини Маркет, кои продолжуваат со работа во полн капацитет, информираат од банката.
Клиентите се охрабруваат да ја преземат апликацијата S-Banka и да ги искористат нејзините бројни функционалности додека трае обновата.




