Skip to main content

Има ли спас за жителите од улицата „Живко Чинго“

И при најмали врнежи домовите на жителите од улицата Живко Чинго се поплавуваат и пливаат во фекалии. Од „Нискоградба“ велат дека веќе работат на делумно решавање на проблемот

 |  Јаковлева Лионела  | 
toalet
тоалет

Жителите на улицата „Живко Чинго“ секојдневно се молат да не заврне дожд. Кога врне нивниот живот се претвара во кошмар. Од сите страни се прелева канализацијата па нивните домови пливаат во гнасна вода. Со овој проблем се борат веќе две години. Миланка Димоска вели дека се започнало со изградбата на канализацијата во Велгошти. Цевката која е поставена во 2010год. е со поголем обем од онаа на која претходно жителите од оваа улица биле поврзани па сега и при најмали врнежи доаѓа до прелевање на канализацијата и тоа во нивните домови објаснува Димоска.milanka dimoska

Едни од засегнатите се и семејството Кочоски. Тие велат дека поради честите поплави во нивниот дом долниот кат им е буквално уништен. Постојано мириса на влага и фекалии. Блаже Кочоски вели дека се обратиле насекаде за нивната мака, но никој не го решил проблемот.

vlado cvetkoskiДиректорот на ЈП „Нискоградба“, Владо Цветкоски знае за проблемот на жителите од оваа улица. Тој вели дека канализационата мрежа нема капацитет да ги прими и атмосверските води па при пообилни врнежи доаѓа до поплавување на домовите од овие граѓани. Проблемот е во тоа што нема сепаративна атмосверска канализација која ќа ја прибере дождовницата. Цветкоски вели дека моментално поставуваат канализациона мрежа на улицата Ирина Мирка Гиновска со што ќе се растерети канализациониот систем во Велгошти па ќе има поголем капацитет за орибирање на дождовницата.

Цветкоски објаснува дека само во 40% од градов и населбите кои гравитираат околу Охрид има изградена атмосверска канализација. Нејзиното изведување е голема инвестиција па затоа Општината не може сама да ги покрие трошоците. Цветкоски додава дека атмосверската канализација се гради дел по дел и ќе потрае додека во целата општина се направи сепарација на фекалната и атмосверската канализација. Тој кажува дека засега можат само да ги убжат проблемите на граѓанита, а не и целосно да ги решат.

 

{loadposition content9}