Спасен велосипедист во Елшани – симулација
Единицата за спасување на планини и непристапни терени при ОО на Црвен крст Охрид, подготвени да се справат со сите ризици пред престојната конференција „Adventure Next Balkans“. Тие денес тоа го покажаа преку активноста, симулација на повреден велосипедист.
На стрмните планински патеки на НП „Галичица“ во близина на туристичката населба Елшани падна велосипедист. Во бесознание, на тешко пристапниот терен случајно го пронајдоа активистите од Црвениот Крст на Охрид, од екипата за спасување на непристапни терени. Станува збор за малдиот Јаков Јованоски кој од незгодниот пад се здоби со телесни повреди а најверојатно има и внатрешно крварење во главата. За среќа оваа интервенција беше уште една успешна симулација за спасување на човечки живот со што единицата за спасување покажа дека се подготвени да се справат со ризиците кои би можеле да се случат на престојната „Adventure Next Balkans“, конференци, како што истакна Антонио Додоски.
„Нашиот регион од повеќе аспекти е многу битен во оваа сфера и затоа ИМЕ програмата заедно со нас одлучивме овој пилот програм за воспоставување на една ефикасна служба да го почниме од Охрид. И околните Општини ќе имаат интререс да се приклучат. Во секој случај ние денеска демонстриравме до кое ниво сме подготвени за да делуваме во рамки на следната конференција“ – вели Додоски.
ИМЕ програмата во рамките на своите активности кои се поврзани со поддршка на туризмот посебен аспект му посветува на безбедносниот фактор, истакана Зоран Тодороски од ИМЕ програмата. Тој вели дека нивните партнери од ОО на Црвен Крст Охрид, покажале високо ниво на професионалност како и тоа дека Охрид како туристичка дестинација е подготвена за овој начин, односно за активниот туризам.
„Ние сметаме дека ваков тип на вежби само придонесуваат да погледнемем каде Македонја е во тој поглед. ИМЕ програмата работи во две нивоа, едно ниво е поддршка на туристичките агенции во делот безбедносниот аспект бидејќи она што заклучивме е дека тој аспект е исклучително значаен за креирање на активен туризам“ – вели Тодороски.
Инаку, и денес, Граѓанските организации Go Green, Ајде Македонија и еколошкото друштво Грашница, заедно со Црвен крст, „Чист Охрид“, волонтери и претставници на туристичкиот и јавниот сектор во Македонија, ја продолжија акцијата за Охрид зелена и чиста туристичка дестринација, расчистувајќи го отпадот на плажата Горица 2, Заливот на коски, с. Елшани, како и други локации во градот.