Skip to main content

Спасески и Блажески на суд за клевета

Спасески и  Блажески на суд за клевета.

 |  Валентина Неловска  | 
суд
суд

Започна судски процес за клевета со кој секретарот  на општина Охрид Димитар Спасески  го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески. Секретарот  во овој спор бара оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште, рече по завршување на судскиот  претрес Блажески. Станува збор за проектот лизгалиште, кое беше најавувано дека го прави австриска фирма, за на крај да се види дека тоа е договор со локална фирма. 

судВо презентираните докази имам дека лизгалиштето го имаат не како урбана опрема за што одговорно тврдам дека не е поминато на совет  туку лизгалиштето сега го правдаат дека е презентација на лизгачки спортови, истакна Блажески.

„ За презентациите   се постапува поинаку, тие се бесплатни, а очигледно беше дека се наплаќаат сметки на  граѓаните за користење на тој простор.  Навредениот секретар беше испровоциран со тоа што беше прашан дали е тој потписник на контроверзен договор ,а контроверзен е со тоа што по медиумите се шпекулираше дека  станува збор за австриска фирма“, напомена Блажески.
лизгалиште
Блажески кажа дека на рочиштето судот му ги  одбил видео записите кој тојсакал да ги презентира со образложенеи дека  нема технички услови. Советникот денеска се бранеше сам пред судот затоа што, како што кажа за медиумите,  адвокатот во последен момент  му го откажал застапништвото. Вели дека за наредното рочиште ќе мора да ангажира адвокат од Скопје, а за таквата ситуација  има свое видување.

„ Повеќе од  јасно е каков притисок  ДПМНЕ прави. Тоа е суптилен пристисок и буквално никој  веројатно не сака да си создава како што велат тие дополнителни проблеми. Тоа зборува колку  сериозно е загрозена демократијата во оваа земја “, истакна Блажески.   
Блажески го одби предложеното судско помирување  и рече дека продолжува понатака да ја докаже правдата во името на граѓаните  кои го избрале да ги застапува во градскиот совет.

Секретарот Димитар Спасески не се појави на денешното рочиште а неговиот правен застапник , адвокатот  Александар Гоџо,  не даде изјава за медиумите.  Следното судско рочиште е закажано за 27 ноември.

{loadposition content9}