„Спасителен летен фестивал“ на 25 и 26 јули во Холандскиот парк

„Спасителен летен фестивал“ ќе се одржи на 25 и 26 јули во Холандскиот парк, во периодот од 18 до 22 часот. Настанот го организира Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид, по повод 25 Јули – Светскиот ден за превенција од давење, што се одбележува под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО) и Интернационалната федерација за спасување (ILS).
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во забавни игри, предизвици, едукативни активности и многу изненадувања, како и да освојат вредни подароци и награди обезбедени од поддржувачите на фестивалот. Организаторите ги повикуваат граѓаните да бидат дел од оваа летна дружба, која покрај забавниот, има и важен едукативен карактер, насочен кон подигнување на свеста за превенција од давење.







