Спасителите од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид со хуман гест
Продолжуваат хуманите активности во градов за помош на нашиот 11 годишен сограѓанин кој треба да се лекува во Кина.
„Се решивме на еден хуман чекор, на една хумана постапка, а тоа е да одвоиме една дневница од нашиот ангажман ова лето и да ја донираме за нашиот 11 годишен сограѓанин кој овој август треба да се оперира во Пекинг. Се надевме дека оваа наша хумана постапка ќе ја следат повеќе институции и повеќе индивидуалци во овој град и да му помогнеме на нашиот сограѓанин што побрзо да оздрави.“-вели Марија Ристеска од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид.
А хуманите активности за помош на нашиот 11 годишен сограѓанин кој боледува од тешка болест продолжуваат и понатаму. Средствата собрани од продадените билети за Фолк фест „Хит на летото“ кој се одржува утревечер на Антички ќе одат за оваа намена.
{loadposition content9}