Спасов: Реконструкцијата на Центарот за социјала ќе биде готова за еден месец
Течат зафатите за реконструкција на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа во Охрид. Реконструкцијата ќе чини 5 милиони денари а треба да биде завршена за еден месец. Со овој зафат се очекува максимално да се подобрат условите за работа на вработените, енергетската ефикасност на објектот, но граѓаните да добијат добра, квалитетна и организирана услуга.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денес го посетија Центарот за социјална работа каде што во моментов интензивно се работи на негова реконструкција. Градончалникот Бакрачески истакна дека добро е што се прават напори за подобрување на условите за работа во оваа институција не само за вработените туку и за странките кои доаѓаат тука, бидејќи ќе добиваат услуга на еден подобро организиран начин.
„Ние како сериозна локална власт и понатака остануваме посветени во делот на социјалната политика ќе ги координираме и понатака активностите со Министерството за труд и социјална политика и Меѓуопштинскиот центар и во оваа прилика му се заблагодарувам на министерот и диркеторот Екрем Каљоши за овој успешно спроведен проект“ – вели Бакрачески.
Реновирањето на Центрите за социјална работа, кои повеќе децении не се обновени, а се меѓу најважните во земјава, претставува наша грижа кон институциите на локално ниво, изјави министерот Диме Спасов.
„Понатаму продолжуваме со интензивна реализација на овој проет, преку ИПА програмата на ЕУ се планира реновирање на уште 19 центри за социјална работа со што практично ќе бидат опфатени сите објекти во земјава, меѓутоа ќе продолжиме и со низа други активности за подобрување на условите во установите за социјална заштита во Р. Македонија – истакна Спасов.
Со реконструкција на старата зграда која цели 6 децении воопшто не е реновирана, ќе добиеме подобар и пофункционален центар за социјалана работа, истакна првиот човек на устновата Екрем Каљоши.
„Овие подобрени услови сметам дека ќе наидат и на поголемо разбирање на нашите корисници за да малку повеќе се вклучат во системот на социјална заштита“– рече Каљоши.
Присуството на министерот Спасов го искористивме да добиеме информација во врска со еден горлив проблем во нашата општина. На прашањето, дали Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“, Охрид, државата ќе го земе под своја капа за што се залага и Локалната самоуправа, министерот со одговор.
„Во комуникација сме со градоначалникот на општина Охрид и во програмата на Владата на Р Македонија има отворање на денвен Центар за деца со пречки во развојот токму овде во Охридпланирано за 2016 година, ние ќе се обидеме да го отвориме во нов и подобар објект, во моментов се бара содветен објект кој што заедно со општината би се реновирал и обновил и би се ставил во функција, меѓутоа според активностите што ги реализираме согласно програмата на Владата ние се трудиме да ги реализираме проектите и пред рокот што сами сме го задале оставам простор да биде и до крајот на 2015 но во секој случај ќе биде отворен ваков центар за деца со пречки во развојот во 2016 год“ – појасни Спасов.
Ресорното министерство задено со општината допрва треба ги дефинираат сите детали во рамките на договорот кој треба да го постигнат, бидејќи се работи за средства кој што треба да се обезбедат за тековно одржување на објектот, храна, комунални трошоци, средства за реконструкција на самиот објект но и за плата за вработените. Исто така дополнително треба да се направи пресметка за да се поделат трошоците за функционирање на еден ваков центар, во зависност од можностите и на општината и на министерството.
{loadposition content9}