Специјални дресови на „РИБАРИТЕ“ по повод 100 години фудбал во Охрид
Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос, на првиот натпревар од новата сезона настапија со специјални дресови посветени на 100-годишниот јубилеј на фудбалот во Охрид.
| | Охрид
На првиот натпревар од новата сезона на Втората македонска фудбалска лига, фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос настапија со специјални дресови кои што се посветени на 100-годишниот јубилеј на фудбалот во Охрид.

Отсега, љубителите на фудбалот ќе можат да си купат и дрес од Охридскиот клуб кој што ќе се продава по цена од 1500 денари. Во текот на следната недела ќе бидат пуштени ограничен број на дресови.
Инаку, во продажба се и сезонски билети кои чинат 1000 денари.

Дресови и сезонски билети може да нарачате во инбокс на фејсбук профилот на ГФК Охрид Лихнидос.