Skip to main content

За правилен физички развој

Специјални душеци по физичко доби ОУ „Григор Прличев“

Прличевци добија “Ер Трекови” – современа специјализирана подлога за физички активности.
 |  инфодеск  | 
душеци

Нова радост на часовите по физичко деновиве во ОУ „Григор Прличев“- Охрид.

Прличевци добија “Ер Трекови” – современа специјализирана подлога за физички активности. Подлогите се донација од компанијата “Ховер крафт адриа” која има специјализиран погон во Охрид за изработка на овие спортски реквизити.

„За правилен физички развој, психомоторни вештини, здрав дух и физички активен живот потребна и е соодветна опрема која е дел од наставната програма по предметот ФЗО. Ова се само некои од заложбите на училиштето, но и на сите засегнати структури за успешно спроведување на образовниот процес во Локалната самоуправа и општина Охрид, кои имаат за цел грижливо вложување во инвестиции за образованието и развојот на децата.“– велат од училиштето.

душеци