Skip to main content

Одбележување на 62-от роденден на охридско лето

Спектакуларно шоу на Фламенко балетот

Незаборавна вечер со Фламенко балетот „Луксуриа“ од Шпанија по повод 62-от роденден на фестивалот „Охридско лето“.
 |  инфодеск  | 
Фламенко

Со спектакуларно шоу на Фламенко балетот „Луксуриа“ од Шпанија, фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер на Античкиот театар го прослави 62-от роденден.

Бројни љубители на уметноста уживаа во ритамот и емоцијата на музичарите и танчерите од шпанскиот Фламенко балет „Луксуриа“, во одличната кореографија и перфектната изведба.

Фламенко

На почетокот на концертот се обрати Амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

Амбасадата на Шпанија е спремна да продолжи со зајакнување на одличните односи со оваа пријателска земја Северна Македонија, зајакнување на културните односи меѓу нашите две земји и поконкретно со прекрасниот град Охрид – рече амбасадорот Хозе Луис Лозано Гарсија.

Фламенко

Директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ, истакна дека огромна е почитта кон сите кои ги вложија своите напори и направија летните фестивалски вечери веќе 62 години да бидат вистинско уживање за љубителите на високата уметност.

Денеска ги славиме годините испишани со богата историја со славни имиња од светската музичка елита и врвните театарски креации. Денеска ја празнуваме уметноста – рече Поповиќ.

Фламенко

Фламенко балетот „Луксуриа“ на публиката по повод 62-от роденден на фестивалот „Охридско лето“ ѝ приреди незаборавна вечер донесувајќи на сцената свет исполнет со напнатост, интриги, љубов, страст, лојалност и трагедија, но и нови иновативни комбинации на традиционалното и модерното фламенко.

Фламенко