Општина Охрид го објави списокот на добитници на субвенции за инвертер клима уреди
Субвенциите се доделуваат согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2026 година.

Општина Охрид ги објави конечните листи на граѓани кои остварија право на субвенција за набавка на модерен систем за затоплување, инвертер клима уред, согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2026 година.
Објавени се две посебни листи:
- Листа на лица од домаќинства во кои има лице со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства, пензионери (корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија до 30.000 денари по пензионер, односно до 60.000 денари за брачни парови пензионери) и семејства чиј вкупен месечен приход не надминува две минимални плати.
- Листа на лица од останати домаќинства кои добија субвенции за набавка на инвертер клима уреди.
Граѓаните можат да ги погледнат конечните листи на следниoт ЛИНК.







