Skip to main content

Спој на нови вкусови комбинирани со домашни сортни вина,на мени во охридските ресторани


Спој на нови вкусови комбинирани со домашни сортни вина, на мени во охридските ресторани.

 |  Валентина Неловска  | 

Брускети со песто и пршута со диња се дел од менито на винаријата  „Мал Св.Климент. Винаријата нуди и други специјалитети подготвени од свежи продукти во комбинација со неколку видови домашни сортни вина. За изборот на менито со јадења, сосови и преливи кои ќе се служат со винска карта задолжен е шефот Синиша Салатиќ со над 3 децениско угостителско искуство во светски реномирани ресторани. Врвниот гастроном Салатиќ кој има и македонско потекло, открива која е неговата намера по долгогодишната кариера во ресторани во западно европските земји да дојде во Охрид.


„Имав предизвик да ја презентирам мојата кујна со вината на Будимир. Да ја понудам кујната што јас ја обожавам. И време е да ја промениме и овде кујната, а не да се нуди само плескавици, туку да им понудиме и да ги научиме луѓето и на други вкусови“, вели Салатиќ.

Интернационалниот шеф Синиша Салатиќ уште пред 4 години кога беше гостин на гастрономскиот оддел на ФТУ Охрид изрази желба да учествува со своето знање и вештини во промена на мениата во охридските угостителски објекти. Охрид е туристички ценатар каде што доаѓаат гости од целиот свет, се повеќе луѓе се свртени кон вегетаријанството и треба промени во мениата, вели Салатиќ. Додава дека сака народот да проба нешто ново и тоа постојано е негов предизвик.


„Мои се јадењата и стојам позади нив, не копирам. Мое е менито и мои се вкусовите, се испропувам. Некои работи сум пробал да ги правам заради спојот на вината и комбинацијата на состојките за да му угодам на виното. Сакам да ги избалансирам со храната. Имам направено и нови работи“, раскажува Салатиќ за своите гастрономски вештини.

Неговото мото во гастрономијата е подготвување лесна, едноставна, свежа и здрава храна. Сакам кога ќе влезе гостинот во ресторанот да не знае што го очекува. Но, кога еднаш ќе ја отвори вратата од ресторанот да се врати повторно, вели Синиша Салатиќ.