Спомен куќата на Григор Прличев под клуч
Спомен куќата на Григор Прличев подолго време е затворена за посетители. Објектот не бил ренатабилен и посетуван од туристите по што следел клуч. Музејот на охридскиот и македонскиот преродбеник е отворан по потреба и по најавени посети.
Две години под клуч е спомен куќата на Григор Прличев. Музејот на македонскиот и охридскиот преродбеник Григор Прличев во Охрид беше отворен за посетителите до септември 2015 година. На нашето прашање упатено до НУ „Завод и Музе“ј зошто спомен домот е затворен за јавност појаснуваат дека објектот не бил рентабилен. Посочуваат дека по констатацијата дека објектот не е посетен и не е рентабилен дошла одлуката да биде затворен. За да работи музејот биле ангажирани лица со договор на дело за кои биле исплаќани пари од сметката за самофинансирачки активности на НУ Завод и Музеј – Охрид.
Музејот бил слабо посетен, доаѓале ученици од Охрид, а многу ретко ученици од другите градови. Воопшто не бил посетен од странски туристи. Покрај трошоците кои се создавале за плаќање на лицата ангажирани објектот да биде достапен за посетителите во текот на целата година биле правени трошоци за потрошена електрична енергија.
Спомен куќата била отварана за најавени посети и за Прличевите беседи. Објектот се отворал и за промоција на книги и за прослави, информираат од Завод и музеј.
Во писменото соопштeниe кое ни го испратија од НУ Завод и Музеј нема информација дали објектот повторно ќе биде отворен и дали имаат планови да го промовираат за да ја зголемат посетеноста, а со тоа музејот на Григор Прличев да биде економски одржлив.