Денеска напладне, во поранешната касарна во Охрид, со пригодна свеченост е отворен спомен парк посветен на хероите од Шестата македонска бригада и генералот Михајло Апостолски.

Спомен паркот е израз на трајна благодарност и почит кон борците кои со својата храброст и пожртвуваност, ја вградија својата жртва во темелите на слободата, а спомен паркот ќе биде вечен потсетник на нивното дело и инспирација за идните генерации.


Отворањето на спомен паркот е иницијатива на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, огранок Охрид, со поддршка од Општина Охрид.
На денешен ден, пред 34 години, е конституиран Генералштабот на АРМ. На 1-ви април 1992 година, во касарната “Генерал Михаило Апостолски”, во Охрид, е формирана Шестата пешадиска бригада во составот на АРМ, како наследник на традициите на Шестата македонска народна ослободителна бригада од НОВ и ПОМ, формирана на Славеј Планина – Караорман.


