Спомен плочата од НОБ ќе биде вратена на старото место, им ветил Пецаков на Сојузот на борци oд НОАВМ
Во врска со отстранувањето на спомен плочата која се наоѓаше пред некогашната зграда на Синдикатот реагираат од ОО на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца. Воедно укажуваат дека според Законот за меморијални споменици и спомен обележја Сл. Весник на РМ бр.66/2004 година, надлежни за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележјата, се локалните самоуоправи на општините во Македонија.
– Како Сојуз на борци стапивме во контакт со кабинетот на Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, и добивме уверување дека спомен плочата за краток временски период ќе биде вратена на старото место, велат од ОО на СБ од НОАВМ.
Додаваат дека ќе ја следат постапката и ќе бидат во постојан контакт со Градоначлникот и Одделението за култура во општина Охрид.