Skip to main content

Совет на Општина Охрид

Спорните легализации повторно пред советниците

Во понеделник Градскиот совет на Општина Охрид ќе одржи две седници, редовната 10-та и продолжение на прекинатата 8-ма седница.
 |  инфодеск  | 
Легализации на седница

Советот на Општина Охрид 10 тата седница во понеделник ќе ја отвори со советнички прашања. На дневен ред се 24 точки меѓу кои измени и дополнувања на неколку годишни програми и измена и дополнување на буџетот за 2022 година. Советниците ќе одлучуваат и за изменување и дополнување на одлуката за авто такси превоз на патници во општина Охрид, за донесување Правилник за субвенционирање на линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебрца, за изменување на Правилникот за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачје на општина Охрид.
Ќе се гласа и за воведување на нова дејност на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид како и за дополнување на ценовникот на ова јавно претпријатие. Советниците ќе одлучуваат и за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„Охридски комуналец“ .

седница на совет на општина

Советот треба да дадат зелено светло за уредување-реконструкција на мултифункционален терен за ракомет, фудбал и кошарка во општина Охрид со примање на донација од Државна Видеолотарија-Касинос Аустриа ДОО Скопје, како и за формирање Локален Совет за превенција на подрачјето на општина Охрид.
Веднаш по завршувањето на 10тата седница најавено е продолжување на прекинатата 8ма седница на Советот. Седницата која се одржуваше на 10ти февруари беше прекината од технички причини, кога на дневен ред дојдоа точките за легализации на бесправно изградени објекти на крајбрежјето на Охридско езеро и во Национален парк Галичица.