Skip to main content

Спорт, дружење, програмирање и можност за бизнис идеи на првата Информатијада 2014

Студенти од сите универзитети со информатички насоки во наредните пет дена ќе спортуваат, програмираат и ќе добијат можност своите веб и мобилни апликации да ги прикажат пред бизнис заедницата.

 |  Мишел Наумоски  | 
informatijada
информатијада

Пет дена програмирање, играње на сајбер игри, натпревари во фудбал, кошарка, одбојка, шах, пинг понг на првата Информатијада 2014та. Студентите од универзитетите со информатички насоки од земјава се собраа на едно место со цел да ги покажат своите знаења во областа на информатиката и спортовите. Освен спортскиот и научниот дел, студентите ќе имаат можност и да го демонстрираат она што го сработиле, нивните апликации и програми пред претставници од бизнис секторот кои ги поддржаа овие студентски игри.

informatijada fakulteti„Информатијадата е составена од три дела, едукативен дел, научен дел и спортски дел. Едукативниот дел е составен од повеќе работи, имаме работилници кои ќе ги изработуваме заедно со нашите партнери компании и ќе има натпревари по алгоритми, објектно ориентирано програмирање и математика каде студентите ќе си ги одмерат силите освен во спортските натпревари и во знаењето. Имаме три работилници, работилница за веб апликации, мобилни апликации и бизнис работилница каде се надеваме дека ќе го поттикнеме претприемачкиот дух кај студентите, да почнат да размислуваат да отворат своја компанија.“-вели главниот организатор на „Информатијада 2014“, Давор Поповски.

studenti informatijadaИдејата за организирање на Информатијадата и масовниот собир на студентите веднаш добила поддршка и од раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

„Како факултет, уште од почетокот ја поддржавме и разговарајќи со нашите колеги од другите информатички факултети во земјава, дадовме полна поддршка на овој настан кој им овозможува на студентите да научат повеќе. Меѓутоа она што мислам дека е најважно од се е дека ќе имаат можност да се дружат меѓу себе, да се запознаат од различни универзитети, нешто што нема да го направат во ниедна друга ситуација во студирањето.“-рече проф.д-р Димитар Трајанов-Декан на ФИНКИ.

cyber natprevari InformatijadaСтудентите, повеќе од задоволни од своето учество на првата Информатијада 2014та.

„За нас претставува чест и едно големо искуство да учествуваме во организацијата на овој настан на покана на студентскиот парламент при ФИНКИ. Прифативме и се надеваме дека нашите учесници студенти од нашите факултети ќе се покажат во најдобро светло и ќе си заминат од овој настан побогати со многу знаења и со многу нови пријателства.“-изјави претседателката на студентскиот парламент при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, Кристина Петровска.

Инаку „Информатијада 2014“ брои околу 400 учесници од факултетите за информатички науки и технологии од универзитетите од Македонија.  Организаторите изразија надеж дека истата ќе стане најмасовен собир од ваков вид со тенденција да прерасне и во меѓународен. Информатијадата ќе трае  пет дена, односно до 12ти Октомври.

{loadposition content9}