Skip to main content

Спортот е клучен за превенција и намалување на деформитетите кај децата

Поразителни бројки, околу 60% од децата во охридско струшкиот регион имаат деформитети на рбетниот столб или обезност. Главна причина недоволна физичка активност. Влијание има и погрешното држење на телото, скоро 20 отсто од првачињата и до 40 отсто на децата до завршување на основното  образование,  се соочуваат со физичко нарушување.
 |  инфодеск  | 

Околу 60 % од децата во охридско-струшкиот регион имаат некакви деформитети на рбетниот столб. Дополнително голем дел од младите денес се соочуваат и со обезност.

Главна причина е недоволна физичка активност. Наместо на игралишта и во паркови, децата се на телефони и компјутери. Влијание има и погрешното држење на телото, скоро 20 отсто од првачињата и до 40 отсто на децата до завршување на основното  образование,  се соочуваат со физичко нарушување.

„Модерното време и модерниот начин на живеење доста штетно влијае на правилниот раст на децата. Сите се со телефони компјутери в раце и немаат активност. Како млади секое дете треба да троши, да е активно за да ја развие мускулатурата правилно како што треба. Ние како спорт во сите наши клубови акцент даваме на правилен раст и развој и задолжителни вежби за правилен развој“ вели Марјан Лазаревски тренер од Теквондо ХВА клубот Охрид.

Европска недела на спортот

За разлика од минатото денес за спорт потребни се и пари, членарини за клубови и опрема, според спортистите неопходна е национална стратегија за спорт и мотивирање на младите.

„ Има многу примери кои доаѓаат со искривена кичма, сколиоза. Има примери кои биле многу дебели па станале врвни такмичари, а денес се како манекени. Социјализацијата е многу битен дел од секојдневниот живот, стануваат самостални и генерациски не се ограничени. Може да вежбаат и 30 годишен со петгодишен што за децата мали е важно добиваат самодоверба што е многу битно“, додава Лазаревски.

 Како последица на „седечки“ начин на живот  се јавува недоволна развиеност на мускулите, а младите коски трпат промени кои доведуваат до деформитети на стапалата и ’рбетниот столб.

Новинар Соња Рилковска