„Спортс плеј“-претстава за врската помеѓу спортот и насилството
Ова дело на Елфриде Јелинек е инспирирано од случувањата на историскиот фудбалски натпревар Динамо Загреб-Црвена Ѕвезда, кој се смета за почеток на војната во дел од поранешните Југословенските држави.
Новата сцена на Охридско лето, во дворот на ОУ „Климент Охридски“ утревечер ќе го нагости Just a must театарот од Лондон. Овој брилијантен независен театар од Велика Британија пред публиката ќе се претстави со добро позната тема на нашите простори, југословенските војни во деведесетите години на минатиот век.
Претставата „Спортс плеј“ на австриската нобеловка Елфриде Јелинек е едно временско истражување на темната страна на животните игри, но и претстава која говори за нераскинливата врска помеѓу спортот, национализмот и насилството.
„Онаа идеја за војната во поранешна Југославија е проткаена во текстот, значи и Сребреница и она во Босна, низ целиот текст и кога се одлучуваше што се скрати, затоа што сум од Хрватска, основно ми беше да остане мотивот од војната во Југославија, но ние секако ја ставивме тука и илимпијадата, и спортот како насилство и зошто таа спортот го поврзува со војната и тоа е затоа што ја изедначува енергијата и насилството на фудбалскиот натпревар со енергијата и насилството во една војна“.-вели режисерката Ванда Бутковиќ.
Текстот за претставата „Спортс плеј“ е исклучително долг и во својот оригинал, актерите од Just a Must театарот го читале дури 7 часа, но според нив, токму тоа е вистинска предност за нив.
„Таквиот специфичен долг текст ни даде можност да експериментираме со презентирањето на истиот.“-рече актерот Мет Реј-Браун.
Еве како започнала приказната на Just a Must театарот.
„Ванда и јас го започнавме овој театар заедно уште од 2009 година за да промовираме една нова насока, една пост-театарска драматика и да им ја претстави на европската, пред се британската јавност оваа нова насока во театарот.“-изјави продуцентот, Берислав Јураиќ.
Инаку претставата „Спортс плеј“ ќе можете да ја проследите утревечер во 21 часот, во дворот на ОУ „Свети Климент Охридски“.
{loadposition content9}