Skip to main content

Спортската сала во Велгошти е сеуште без технички прием

Спортската сала во Велгошти е сеуште без технички прием.

 |  Валентина Неловска  | 
sportska sala
sportska sala

 Градежни зафати се изведуваат на спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.  Иако салата беше  пуштена во употреба пред два месеци не е направен технички прием. Од Локалната  самоуправа информираат дека пред две недели стартувале  мали зафати. Од скелињата поставени околу зградата може да се заклучи дека  станува збор за обложување на фасадата на спортскиот објект.

sala

Спортската сала е со површина од 1211 м 2 има две соблекувални и  капацитет од  500 гледачи, а со неа ќе стопанисува Локалната самоуправа.  Покрај учениците од ОУ „ Живко Чинго“ кои ќе ја изведуваат наставата по физичко, предвидено е објектот да се користи и за спортско рекреативни и културни манифестации.

Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски  кажа дека од наесен салата ќе ја користат учениците , но  не прецизира термин кога ќе биде извршен  техничкиот прием на објектот. 

 
сала
„Спортската сала нема технички прием, но во однос на приклучување на водовод, електрична енегија и санитарии се е завршено. Салата може да се користи има поставено различни спортски реквизити. Не можам најпрецизно да кажам датум кога ќе биде ставена во функција, но можам да кажам дека се завршени сите градежни работи. Ова што се работи на зградата  е заради заштеда на електричната енергија, фасада со најнови стандарди  и отварање на нови отвори за вентилација“, кажа портпаролот на Локалната самоуправа Џамтоски.

Градежните работи за реконструкција на објектот започнаа во септември минатата година. Инаку, спортската сала во Велгошти беше изградена и предадена во употреба во 2001 година. Нејзината тогашна изградба беше пропратена со нерешени имотно-правни проблеми. По една деценија објектот беше руиниран, а Агенцијата за млади и спорт со владиниот проект  ја стави во агендата за нејзина обнова.
За реконструкцијата на спортската сала беа издвоени  20 милиони денари.

{loadposition content9}