Skip to main content

142 години од раѓањето на Тодор Александров

Спортски ден во Велгошти

Денеска во Велгошти се одржува Спортски ден, по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров.
 |  инфодеск  | 
Спортски ден во Велгошти

По повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров, денес во Велгошти во организација на ОУ „Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт, се одржува „Спортски ден“ за учениците од основните училишта од Охрид и Дебрца. Во името на локалната самоуправа, пред присутните се обрати советникот Наум Јамандиев.

Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите манифестации, кои значат правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата. Со спортската игра и натпреварувањето децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разочаруваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот – истакна Јамандиев.

Спортски ден во Велгошти

Натпреварите ќе се одиграат во фудбал за ученици од шесто и седмо одделение, баскет за ученици од осмо и деветто одделение, шах за ученици од прво до деветто одделение и пинг понг за ученици од шесто до деветто одделение.

Постигнатите резултати ќе бидат вреднувани во рамките на училишните спортски игри.

Спортски ден во Велгошти