Почнаа да функционираат двете дисперзирани спортски паралелки
Дисперзираните спортски паралелки кои се отворија во градов ги исполнија очекувањата. Во паралелката за фудбал и за ракомет кои функционираат во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“ ќе се создава репрезентативен кадар кој ќе е носител на националните селекции.
Почнаа да функционираат двете дисперзирани спортски паралелки. Министерството за образование заедно со Спортаската академија од оваа учебна година отворија една паралелка за фудбал и една за ракомет во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“. Голем број дечиња се определија своето средно образование да го продолжат токму во овие паралелки, но само триесетина од нив беа избрани од селекторите.
Во паралелката за ракомет има десет деца, а во паралелката за фудбал има дваесет и пет.
Интересот беше голем но критериумите низ кои поминаа децата беше многу ригорозен. Поминуваа низ три фази, се селектираа, се скаутираа, а селекцијата ја вршеа меѓународни тренери. Фудбалери беа пријавени шеесетина, а ракометари триесетина, но само оние што ги исполнија критериумите беа примени, вели Перчо Божиноски-заменик директор во ОСУ „Ванчо Питошески“
Во соработка со општината часовите ги води професионален тренер, физиотерапефт и заменик тренер кои работат со децата . Во соработка со ракометната и фудбалската федерација на Македонија наскоро треба да им се набави опрема на децата како и потребните реквизити кои ќе им служат за обавување на практичниот дел. Тренинзите се одржуваат секој ден и тоа во салата на СРЦ „Билјанини извори“, а дел од нив се одвиваат и на игралиштето во училиштето „Ванчо Питиошески“.
На почетокот имавме многу прашања и дилеми од страна на родителите. Тие стравуваа дали паралелките ќе отпочнат со работа и како сето тоа ќе биде организирано. Меѓутоа еве речиси еден месец од започнувањето на учебната година и се функционира како што треба. Покрај тренинзите децата ги изучуваат и општообразовните предмети како што се македонски јазик и литература, математика, англиски јазик, информатика и историја како и други стручни предмети поврзани со спортот, вели Божиноски.
Инаку, наредната година планирано е да се отворат уште две паралелки едната за тенис, а една за кошарка. На ваков начин на голема врата ќе се врати спортот меѓу младите , вели Божиноски и додава дека во спортските паралелки ќе се создава репрезентативен кадар кој ќе е носител на националните селекции.
{loadposition content9}