Спортско игралиште под тенда
Ќе се гради времен објект, балон игралиште во дворот на ОУ. „Григор Прличев“. Договорот е веќе склучен помеѓу општината, училиштето и фирмата Фудбал 2010.
Во дворот на ОУ. „Григор Прличев“, се подготвува терен за градба. Местото веќе е оградено и отпочнати се подготовките за уредување на тој простор. Охриѓани се љубоптни што ќе никне на тоа место. Дилемата ја разреши општинскиот гласноговорник Симон Илиевски. Тој нагласи дека училиштето ги започнало подготвителните работи за средување на овој простор и поставување на времена урбана опрема.
„Тука ќе се гради фудбалско игралиште, мислам покриено игралиште, тоа е проектирано според урбаниастичкиот план е проектирано отворено, на барање на ОУ „Григор Прличев“, Советот на општина Охрид го има како времен објект ставено во програмата, помината целата процедура и ОУ има добиено дозвола за поставување на урбана опрема, бидејќи овие т.н балони велгуваат во урбана опрема имаат времен карактер“-нагласи Илиевски.
Директорката на ОУ. „Григор Прличев“, како и дел од наставниот кадар, стручен за одржување на часовите по физичко образование, расположени за предвидените зафати на теренот во дворот на училиштето.
„Уредувањето на фудбалското игралиште е добра идеја и е за поздравување велат од ОУ Григор Прличев. Раководниот тим на школото потенцира дека со уредувањето на фудбалското игралиште ќе има растеретување на часовите посебно во одделенската настава.
Ниту од Локалната самоуправа, ниту пак од училиштето не спомнаа дека веќе постои договор за изведување на зафатите околу уредување на теренот во северниот дел од училиштето. Затоа пак, ТВМ дознава дека градежните зафати за атрактивното балон игралиште ќе ги изведува фирмата ДООЕЛ „Фудбал 2010“ од Охрид. На 18.05 годинава веќе е склучен и договор преку јавно приватно партнерство, помеѓу општина Охрид, училиштето и фирмата Фудбал 2010 година. Во договорот стои дека фирмата „Фудбал 2010“, има право 5 години да стопанисува и да го користи теренот на спортското игралиште со можност за продолжување на истиот со обострана воља и согласност на сите страни за уште 5 години. Теренот бесплатно ќе биде отстапен за потребите на училиштето во претпладневната настава, додека пак после тоа ќе го користи инвеститорот. По завршување на договорот, доколку истиот не се продолжи, фирмата е обврзана да ја отстрани урбаната опрема.
И додека некои ОУ во општината кубурат со спортски терени и навстина им се повеќе од неопходни, ОУ Григор Прличев полека ама сигурни се доближува кон европските трендови на модернизација и уредување на спортските игралишта.
{loadposition content9}