Skip to main content

Спречен изворот на фекално загадување кај Билјанини Извори

Откриен и спречен изворот на фекалното загадување на Каналот, Билјанини извори. Градоначалникот  Александар Петерски ги посочи сторителите. Диво приклучени  на дождовната канаизлација се зградата и неколку куќи на улица Асном, наспроти РЕ Механизација на Комуналец, вели првиот човек на Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
voda
voda

Откриен и спречен изворот на фекалното загадување на Каналот, Билјанини извори. Градоначалникот  Александар Петерски ги посочи сторителите. Диво приклучени  на дождовната канаизлација се зградата и неколку куќи на улица Асном, наспроти РЕ Механизација на Комуналец, вели првиот човек на Охрид. Петрески појасни дека службите пред два дена го откриле и спречиле дивото приклучување во  дождовната канализиација која се случувало повеќе години иако во непсредна близина на објектите  има канализација.

Од ЈП „ Нискоградба“ посочуваат дека има појави на други диви приклучоци и во други делови од zgradiградот за  кој треба да интервенираат инспекциските служби. И поединици укажуваат на нови места каде што има фекално  загадување.

„На  стотина метри од каналот во близина на бараките од Трудбеник  се влеваат фекалии. Градоначалникот вети  дека надлежните служби ќе го прекинат и ова загадување“.

Градоначалникот Петрески потсетува дека вакви слични ситуации имало и во Грашница, каде што сега со изградбата на речното корито ваквите појави се спречени. Остануваат само 12 –тина куќи во Грашница да се доповрзат во канализациониот систем  и 10 тина куќи во Пештани, кажува градоналчалникот. Информира дека септичките јами се минато во Велгошти, Лескоец,  Подмоље, Пештани, Болнички комлекс.

Градоначалникот апелира до совеста на граѓаните. Порачува да бидат одговорни кон нивната животната средина и езерото, да се  приклучуваат на фекалната, а не „диво“ во дождовната канализација.

{loadposition content9}