Skip to main content

Граничен премин свети наум

Спречен шверц на охридска белвица

66-годишниот државјанин на Албанија на граничниот премин „Св.Наум“ бил фатен при обид да прошверцува 14 килограми охридска белвица.
 |  инфодеск  | 
Охридска белвица

На 22.8.2022 во 13:00 часот на граничниот премин Св. Наум, при преглед врз патничко моторно возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(66) од Албанија, во делот наменет за резервно тркало, биле пронајдени 14 кг (160 парчиња) риба – охридска белвица без соодветна документација.

Тој бил приведен во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Св. Наум и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.